Новитети во програмската шема
Нови програмски содржини, враќање на големи светски телевизиски формати, возобновување на фестивали и емисии. МРТ со амбициозен план – да биде отворена и да создаде синергија со публиката.

Нова сезона, нова програмска шема и стратешки промени на МРТ. Поинаков телевизиски ритам за различни генерации, нови информативни културни, детски, забавни и дигитални содржини со цел приближување на јавниот сервис до публиката. Македонската телевизија е дел од животот на македонските граѓани за време на целото нејзино постоење преку емитување на политичките, спортските и културните манифестации-истакна главниот и одговорен уредник на првиот програмски сервис. Најави три нови информативни емисии кои ќе се емитуваат оп Централниот дневник како „Без наслов, со повод“ и „Надворешна“ во кои ќе се дебатира на актуелни општествени и актуелни теми.
МРТ се подготвува за враќање на големите светски телевизиски формати како „Џ Фактор“ и „Македонски идол“.
Велат, по утрото се познава денот, па првите промени можевме да ги погледнеме преку новиот динамичен концепт на утринската програма Македонија наутро.
Фокусот на вториот програмски сервис е Централниот дневник во кој се застапени теми од секојдневниот живот на граѓаните, аналитички и тематски содржини.
Третиот канал целосно ќе се трансформира и од спортски профил ќе прерасне во модерен, урбан 24 часовен музичко-забавен канал истакна одговорниот уредник Зоран Мирчевски. Новиот МРТ 3 официјално ќе почне со работа на 28 септември во 17 часот.
Враќањето на домашната музичка сцена на Изборот за песна на Евровизија по четиригодишна пауза е една од најактуелните новости. Македонија ќе ја плати најниската котизација за учество споредено со претходните години.
Се планира и враќање на детската радио-драма и детскиот хор, возобновување на фестивалите за деца и возрасни. Во попладневните и вечерните часови ќе се емитуваат поткасти со познати новинари, музичари и актери.
Александра Велинова
