По наездата на глувци во Буњаковец, в понеделник нова вонредна дератизација во Центар
Стаорци и глодари на само неколку метри од основно училиште. Во понеделник започнува нова битка на општина центар со стаорците низ Буњаковец.
Граѓаните бараат итна реакција од локалната самоуправа – велат, не доликува ваква да биде сликата во центарот на метрополата.
Претходната дератизација во општина центар беше спроведена пред само еден месец. Но, локалната самоуправа сега најавува нова и вонредна што ќе се прави в понеделник. Сепак, од центар, проблемот го лоцираат на друго место.

„редовно преземаме мерки, но мора да се отстранат и причините што создаваат услови за појава на глодари. Нередовното чистење на контејнерите и натрупувањето отпад се сериозен проблем. Граѓаните мора редовно да ги одржуваат дворовите, подрумите и заедничките простории во станбените објекти и да не оставаат отпад на несоодветни места“, велат од општина центар
Со дератизацијата се третираат шахти, простори околу контејнерите и други ризични точки каде што е забележано или пријавено зголемено присуство на глодари.
Ана Јосифоска