Светлана Мојсов, научничката заслужна за развојот на GLP-1 лековите, ќе одржи предавање во МАНУ
Предавањето е на тема „GLP-1: Хемијата е од суштинско значење: Од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина“ и ќе се одржи идниот понеделник, на 28 септември, со почеток во 12 часот.
Професорката Светлана Мојсов, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав и научничка чие истражување е значајно за развојот на лековите базирани на GLP-1, ќе одржи пристапно предавање во МАНУ.
Предавањето е на тема „GLP-1: Хемијата е од суштинско значење: Од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина“ и ќе се одржи идниот понеделник, на 28 септември, со почеток во 12 часот.
Во рамки на предавањето, Мојсов ќе зборува за улогата на хемијата во истражувањето и развојот на GLP-1, пептид кој денес е основа на современи терапии за дијабетес и дебелина.
Пригоден говор ќе одржи академик Димитар Ефремов.
