Сцена

„Браќа Манаки“ продолжува со филмски проекции, работилница и панел-дискусија

21.09.2026 10:49

Попладне во битолското кино „Манаки“ ќе биде промовирана наградата за филм на Јадранската публика, додека во вечерната програма ќе биде прикажан филмот „Срам и пари“ во режија на Висар Морина. Кандидат за наградата за кинематографија е Јанис Мазух.

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ денеска продолжува со проекции од повеќе фестивалски програми, работилница, панел-дискусија и промоција на книга од авторот Антонио Митриќески.

Во фестивалскиот прес-центар претпладне ќе говорат Ѓорѓе Арамбашиќ, Ана Драгичи, Фејми Даут, Борис Ралев и Роберт Јанкулоски. Работилница на тема „Светлосно загадување“ ќе одржи Марија Џиџева.

Во рамките на програмата е предвидена и панел-дискусија на која ќе учествуваат оскаровецот Јануш Камински и Тимо Салминен.

Попладне во битолското кино „Манаки“ ќе биде промовирана наградата за филм на Јадранската публика, додека во вечерната програма ќе биде прикажан филмот „Срам и пари“ во режија на Висар Морина. Кандидат за наградата за кинематографија е Јанис Мазух.

На фестивалот продолжува и програмата „Макпоинт“, која се реализира во пациото на битолскиот Завод и Музеј. Од фестивалскиот прес-центар информираат дека влезот во отвореното кино е бесплатен за сите посетители.