Ракомет

Женската ракометна репрезентација ги почна подготовките за „Трофеј Македонија 2026“

21.09.2026 11:14

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија утрово се одржа собир на женската сениорска репрезентација.

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска го одржа првиот собир пред настапот на „Трофеј Македонија 2026“.

Собирот се одржа во просториите на Ракометната федерација на Македонија, каде репрезентативките го имаа и првиот официјален состанок со новиот селектор Игор Марковиќ. На состанокот присуствуваше и генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски.

По собирот, репрезентацијата отпатува за Охрид, каде ќе ги продолжи подготовките за претстојниот турнир „Трофеј Македонија 2026“.