Свет

Светските лидери во Њујорк на Генерално собрание на ООН

22.09.2026 09:50

Под мотото „Обнова на довербата, управување со трансформацијата“, дебатата ја отвора бразилскиот претседател Лула да Силва, по што ќе се обрати и американскиот претседател Трамп...

Во Њујорк почнува Генералната дебата на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН, во сенка на војните во Украина, на Блискиот Исток и во Африка. Во фокусот и вештачката интелигенција, глобалните економски предизвици, реформата на ОН и изборот на нов генерален секретар. Под мотото „Обнова на довербата, управување со трансформацијата“, дебатата ја отвора бразилскиот претседател Лула да Силва, по што ќе се обрати и американскиот претседател Трамп.

На собирот учествуваат околу 130 шефови на држави и влади.