Економија

СДСМ предлага законски измени за помош за земјоделците

22.09.2026 17:52

Слабиот откуп на земјоделските производи и малата количина производи што им се откупени се со ниски цени, оцени Филипче. Со багажот што го носи како министер за здравство за време на короната, Филипче не може да зборува за права на секој граѓанин-велат од ВМРО-ДПМНЕ...

СДСМ предлага законски измени за директна финансиска помош за земјоделците. Слабиот откуп на земјоделските производи и малата количина производи што им се откупени се со ниски цени, оцени Филипче. Со измените што ги предлага СДСМ се предвидува лозарите да добијат финансиска поддршка од осум денари за секој килограм. Го повика владејачкото мнозинство во парламентот да го поддржи законот, оценувајќи дека станува збор за опстанокот на илјадници семејства, а не за политичка разлика меѓу власта и опозицијата.

СДСМ прво нека се извини за седумте изгубени години во земјоделието, за неисплатените субвенции и за политиките со кои го оптоваруваше стопанството, а потоа нека им дели совети на земјоделците. Земјоделците не живеат од соопштенија – живеат од својот труд, од сигурен пласман, од навремена поддршка и од резултати – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„2024 и 2025 година се години на силен раст на извозот на земјоделски производи, со резултати што се издвојуваат во споредба со извозните остварувања во изминатите 15 години. Во 2025 година извозот на земјоделски производи достигна 416,7 милиони евра, односно околу 85 милиони евра повеќе од 2024 година. Тоа се бројки. Тоа се резултати“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Земјоделските трошоци се зголемиле за 7 проценти, додека цените на земјоделските производи се намалиле за 2,2 проценти. Според Државниот завод за статистика најголем раст на трошоците е забележан кај транспортната опрема, енергијата, горивата и земјоделската механизација.

 

Марина Стојанова Тонева