Владата ја продолжи мерката за намален ДДВ за дизелот до 12 октомври
Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти почна да се применува на 15 септември, како мерка за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните.

Владата ја продолжува мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 проценти до 12 октомври, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Со мерките, Владата продолжува со заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија, посочува Димитриеска-Кочоска.
-Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги. Реагираме навремено и одговорно, следејќи ги движењата на меѓународните пазари и преземајќи мерки кога тоа е потребно за да го заштитиме стандардот на граѓаните – објави на својот Фејсбук профил, Димитриеска-Кочоска.
Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти почна да се применува на 15 септември, како мерка за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните.
