Ревизорските извештаи како алатка за намалување на корупцијата
Функционалните институции и навременото постапување по ревизорските извештаи се клучни за намалување на корупцијата. Главниот државен ревизор вели дека корупцијата не може целосно да се искорени, но може да се сведе на прифатливо ниво.

Функционална држава се справува со корупцијата. Стопроцентно не може да се спречи, но со ревизорските извештаи може да се намали на прифатливо ниво, вели главниот државен ревизор. Во последно време, обвинителството покренува случаи по ревизорски извештаи, но институциите сè уште недоволно преземаат мерки по забелешките на ревизорите.
За помалку корупција, треба обвинителството автоматски да покренува постапки по укажувањата во ревизорите.
Справувањето со корупцијата е дел од критериумите за приближување кон ЕУ.
Систем за борба против корупцијата со вмрежување на институциите ќе придонесе јавните средства да се користат одговорно, е заклучокот од конференцијата за справување со корупцијата во Скопје.
Ирина Гелевска
