Средба за Изборниот законик

30.09.2026 17:03

Министерот за правда Јетон Шасивари на консултативна средба со претставници на политичките партии во обид за деблокада на измените на Изборниот законик...

Министерот за правда Јетон Шасивари на консултативна средба со претставници на политичките партии во обид за деблокада на измените на Изборниот законик, кои содржат препораки од ОБСЕ/ОДИХР и се дел од реформската агенда на државата. Од СДСМ не дојдоа на состанокот. Шасивари најави дека ќе иницира разговор со лидерот на СДСМ, Филипче за да го убеди нивниот претставник да дојде на следниот состанок за измените во изборното законодавство.

Дел од учесниците, неучество на СДСМ го оценија како недемократско однесување и обид за саботирање на целиот процес. Повеќето од партиите се за една изборна единица, со разлики во однос на процентот на прагот освоени гласови. Интегративците сепак инсистираат на зголемување на постојните шест на осум изборни едници.

Владејачките партии уште еднаш ги повикаа опозициските СДСМ и левица да се договорат меѓусебно за начинот на распределба на државните пари за финансирање на кампањите, како и за гласањето на дијаспората, за да се деблокира процесот во законодавниот дом, кој е заглавен со илјадници амандмани.

 

Игор Панов