Образование

1.500 студенти на првиот академски час во Штип

01.10.2026 13:59

Вистинскиот живот е борбата за семејството и татковината, каде и да одите, вратете се дома. Ова е пораката која премиерот Мицкоски ја упати до студентите, на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Елена Чешмиџиева од Радовиш на штипскиот Универзитет ќе студира финансии. Вели, сака бројки, сметање, па ова било најдобриот избор. А таа веќе има пресметано каде ќе биде за 4 години.

Со своите соништа и желби бруцошите дојдат на првиот академски час. Знаењето, искуството што ќе го стекнат на факултетите ќе им помогне да прават промени, лични, но и во заедницата.

Соработката што ја има Универзитетот со други образовни институции ќе им овозможи да влезат во многу библиотеки, лаборатории, да се стекнат со знаење и од професори од странство.

Да ја искористат можноста да се едуцираат, и дома и во странство, стекнатото знаење да го вложат во татковината, им порача премиерот Мицкоски.

12 факултети и 3 академии го сочинуваат штипскиот универзитет. Медицинскиот е најатрактивен и за домашни, но и студенти од странство, уште во првиот уписен рок се пополнува отсекот за дентална медицина.

1.500 студенти тука во Штип првпат имаат академски час. Во Штип има 800 студенти кои студираат на Универзитетот „Гоце Делчев“, 1.000 студенти се од странство.

Наташа Јанчиќ - Менковски