Политички препирки за евроинтеграциите и криминалот
Власта и опозиција меѓусебно се обвинуваат за криминал, за реформите, европски пат на земјава, како и за правецот на економскиот и технолошкиот развој на земјава во наредните декади.

„Објави криминал во неговите редови, па го снема.“ ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција го повика лидерот на опозицијата, Венко Филипче, да ги достави до Обвинителството сите докази со кои ќе се потврди дека Славјанка Петровска, како министерка за одбрана, направила криминал.
Филипче за вакви наводи зборуваше на прес конференцијата во Собранието, обвинувајќи ги членовите на така наречената платформа „12:05“ во која членува и ексминистерката од неговата партија, Славјанка Петровска.
Сепак, од СДСМ одлучија да не одговараат на ваквите прозивки, но одржаа прес-конференција за неодамнешната посета на високата претставничка на Европската комисија, Фон дер Лајен. Анализирајќи ја изјавата на премиерот Мицкоски за незадоволството од средбата, од опозицијата велат дека тоа е затоа што условите за членство остануваат исти и дека со тоа, како што велат, сите лаги на Мицкоски паѓале во вода.
Власта и опозиција меѓусебно се обвинуваат за криминал, за реформите, европски пат на земјава, како и за правецот на економскиот и технолошкиот развој на земјава во наредните декади.
Игор Панов
