Разговорите без напредок
Исламската Република со предупредување, секоја нова воена акција против Иран ќе наиде на посилен одговор од претходно, но Техеран останува подготвен за дипломатско решение...

Исламската Република со предупредување, секоја нова воена акција против Иран ќе наиде на посилен одговор од претходно, но Техеран останува подготвен за дипломатско решение за завршување на војната со САД. Пред амбасадорите и претставниците на земјите и меѓународните организации во Техеран, шефот на иранската дипломатија рече дека презентирале седумдневен предлог за решавање на постојните спорови со САД за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Според предлогот, Ормуската теснина ќе биде повторно отворена во рок од седум дена доколку планот биде прифатен.
„Ако нашите непријатели повторно го изберат патот на воена конфронтација, овој пат ќе добијат уште пожесток одговор, а ние ќе се браниме помоќно од претходно. Обидите со нови санкции воопшто нема да им помогнат. Не постои воено решение, ниту пак решение засновано на дополнителни санкции. Единствено решение постигнато преку преговори, засновано на правда и правичност, ќе даде резултат“, изјави Абас Арагчи • министер за надворешни работи на Иран.
Американскиот претседател Трамп изјави дека ќе донесе одлука за Иран – или по „лесниот“ или по „тешкиот“ пат. Тој исто така рече дека Иран, практично се откажал од какви било планови за нуклеарно оружје.
„Треба да донесам одлука за Иран. Иран е десеткуван. Значи, единственото прашање е дали тоа ќе биде по лесниот или по тешкиот пат. Цената на нафтата опаѓа. Нафтата моментално е поевтина, а цената е пониска отколку што беше за време на администрацијата на Бајден. Патем, тие не презедоа ништо во врска со фактот дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје. Иран, како што знаете, практично се откажува од какви било планови за нуклеарно оружје“, истакна Трамп.
Американско-израелската војна против Иран почна во февруари годинава. Блокадите на Ормускиот теснец, важниот воден пат за транспорт на енергенси во светот предизвика серија негативни промени на финансиските пазари.
Маријана Димовска
