Превенцијата спасува животи

04.10.2026 17:25

Здружението Хема Онко по трети пат го организира „Розoвиот пикник појадок“. Целта е поголема свест и рано препознавање и откривање на ракот на дојка.

„Крилјата различни. Борбата лична. Поддршката заедничка“, а тие сплотени и покрај целата голгота и стрес со откривањето на дијагнозата храбро продолжуваат напред. Жените кои ја добиле најстрашната дијагноза со порака: него одложувајте прегледот, канцерот нема симптоми.

Здружението Хема Онко по трети пат го организира „Розoвиот пикник појадок“. Целта е поголема свест и рано препознавање и откривање на ракот на дојка. Еден лек за онколошките пациенти недостасува, а нема ниту регистар на болни.

Поддршка добија од министерот за здравство, Клековски, како и од нивните лекари. Во нивната борба се приклучи и претседателката Сиљановска Давкова.

На настанот за подигнување на свеста за ракот на дојка, се организираше розова прошетка, вежби за лимфедем, танцова и музичка програма, како и посебен Ин Мемориам момент во чест на жените кои ја загубиле битката со ракот на дојка.

Викторија Милевска