Канада ќе се консултира со експерти за политиките за вештачка интелигенција

05.10.2026 07:39

Канада формира национален совет кој ќе ја советува Владата за политиките поврзани со вештачката интелигенција.

Во Канада е формиран совет за вештачка интелигенција, кој ќе ја советува Владата за политиките поврзани со оваа технологија.

Според соопштението на Кабинетот на премиерот на Канада, во Советот ќе членуваат претставници од јавниот сектор, деловната заедница, академската заедница, истражувачкиот и технолошкиот сектор. Советот ќе придонесува за спроведувањето и развојот на националната стратегија „Вештачка интелигенција за сите“.

Советот ќе ѝ дава препораки на Владата за прашања како што се пошироката примена на вештачката интелигенција, развојот на националната инфраструктура за вештачка интелигенција и нејзиниот надзор.

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека, паралелно со искористувањето на можностите што ги нуди вештачката интелигенција, неопходно е да се управува и со потенцијалните ризици.

Тој истакна дека Советот ќе ѝ помогне на Владата во креирањето политики и носењето одлуки во оваа област.