УХМР

Сончево и релативно топло, температурите до 29 степени

05.10.2026 08:14

Ведро и студено утро, а во текот на денот сончево и релативно топло време. Температурите ќе се движат од -3 до 29 степени, а според УХМР, стабилно и топло време се очекува и во следните денови.

Времето денеска ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Според најавите од УХМР, и во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време.

Од четврток се очекува зголемување на облачноста и пораст на утринските температури, а услови за локален дожд ќе има во петок.