ЕК исплати 2,9 милијарди евра на Украина, на фронтот нападите продолжуваат
Вчера, германскиот канцелар Мерц најави една милијарда евра дополнителна помош за Украина...

Европската комисија исплати 2,9 милијарди евра на Украина, откако Киев спроведе неколку клучни реформи. Вчера, германскиот канцелар Мерц најави една милијарда евра дополнителна помош за Украина. На фронтот нападите продолжуваат. Изминатото деноноќие Москва ги продолжи нападите врз украински региони. Харков одново на удар.
„Повредените се во тешка состојба. Станува збор за повреди од шрапнели – се соочуваме со нешто повеќе од само емоционални реакции и полесни повреди на ушите предизвикани од силната на експлозијата“, изјави Виктор Забашта, директор на Регионалниот центар за итна медицинска помош во Харков.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во неодамнешните операции со долг дострел предизвикале штета на повеќе од 51 насто од руските капацитети за преработка на нафта.
