Кривичен суд

Новo рочиште за „Онкологија“, сведочи техничкиот советник на одбраната

05.10.2026 12:18

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за случајот „Онкологија“. Пред судот ќе биде распрашан техничкиот советник на одбраната, Владимир Даниловски, а прашањата ги поставува обвинителката и се однесуваат на протоколи за лекување пациенти, со цел да се провери неговото стручно мислење.

Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за случајот „Онкологија“. Во судницата ќе биде распрашан техничкиот советник на одбраната, Владимир Даниловски.

Прашањата ги поставува обвинителката, а се однесува на конкретни протоколи за лекување на пациенти, за да се провери стручноста на овој вештак на одбраната. На обвинителна клупа е седнат поранешниот директор на скопска Онкологија, Никола Васев и уште двајца лекари. Се товарат за несовесно лекување болни.

Васев одговара и за тешки дела против здравјето на луѓето.