Шест малолетници лишени од слобода во Скопје поради разбојништво
Шест малолетници од Скопје се лишени од слобода под сомнение дека со закана од еден малолетник одзеле пари, а од друг се обиделе да одземат пари. Полицијата најавува кривична пријава.

Шест малолетници од Скопје се лишени од слобода под сомнение дека извршиле разбојништво и разбојништво во обид.
Од МВР информираат дека на 4 октомври околу 22 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода шесте малолетници.
Тие се сомничат дека со закана, при што еден од нив употребил и остар предмет, од еден малолетник одзеле пари, додека од друг малолетник се обиделе да одземат пари.
По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против малолетниците поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“, предвидени со член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
