Скопски маратон

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова државни прваци во маратон

05.10.2026 12:05

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова ги освоија титулите државни прваци во маратон во рамки на денешниот Виз Ер Скопски маратон.

Во рамки на вчерашната маратонска трка на Виз Ер Скопски маратон се одржа и Државното првенство во маратон, на кое најдобрите македонски натпреварувачи се закитија со титулите државни прваци.

Кај мажите, очекувано, првото место му припадна на Дарио Ивановски со време од 2:13:48 часа.

Втор заврши Жан Тосев со време 2:28:32 часа, додека третото место го освои Александар Арсов со време 2:29:17 часа.

Кај жените најуспешна беше Адријана Поп Арсова, која маратонската трка ја заврши со време од 2:49:37 часа.