Терапија под лупа

05.10.2026 14:27

Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Онкологија 1“. Техничкиот советник на одбраната го бранеше ставот дека пациентите чии досиеја се во списите биле лекувани прописно...

Пациент со метастазиран канцер на црниот дроб живеел 38 месеци во случај кога стапката на преживување е 24 и тоа ако се користи модерна системска терапија, изјави вештакот на одбраната кој на рочиштето за случајот „Онкологија“ одговараше на прашањата на Обвинителството. На судењето се вкрстија аргументите за ефикасноста на терапијата, односно дали била навремена, правилно дозирана и соодветна за болеста.

Дали комбинирањето на повеќе лекови може да даде токсичен ефект, според одбраната е прашање за научен симпозиум, а не за дискусија во судска постапка.

Сепак, Обвинителството инсистираше, техничкиот советник иако не е онколог, да појасни како заклучил дека болните биле лекувани прописно.

Анита Димитријевска -Велковска