МВР
Претрес во велешко, пронајдена дрога
06.10.2026 19:23
Полицијата лиши од слобода 54-годишен велешанец по претрес во неговиот дом и помошни простории во селото Војница, општина Чашка.

Полициски службеници од СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основниот суд Велес, извршиле претрес во домот и помошните простории на Љ.М. (54) од Велес.
При претресот биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела и кафеава прашкаста материја, марихуана и дигитална вага.
Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
