СБ: Економски раст од 3,2%
Светска банка со пооптимистичка прогноза за економскиот раст, наместо очекуваните 2,9 македонската економија ќе ја заврши годинава со 3,2 насто...

Светска банка со пооптимистичка прогноза за економскиот раст, наместо очекуваните 2,9 македонската економија ќе ја заврши годинава со 3,2 насто. Инфраструктурните проекти се очекува да бидат главните двигатели на економската активност.
Извештајот е добра основа за понатамошни реформи што Владата треба да ги доврши. Некои се започнати, а други ќе почнат во периодот што следува – истакна премиерот Мицкоски. Посочи дека растот е над европскиот просек, инфлацијата се држи под контрола и дека ретко и се случува извозот да биде поголем од увозот како во третиот квартал.
Социјалдемократите со обвинувања до власта по извештајот на Светска банка.
„Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија. БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот“, соопштија од СДСМ.
Банкарите советуваат зајакнување на економското управување и конкуренцијата, технолошка интеграција, енергетска ефикасност и иновации, создавање подобри работни места мобилизирање на работниците.
Александра Велинова
