Македонија

Муцунски и Петрова-Чамова утре ќе разговараат билатерално

07.10.2026 18:45

Официјална Софија се одзва на поканата за билатерална средба. Испратена е дипломатска нота со потврда за разговорот меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Муцински и Петрова-Чамова. Форматот дополнително ќе се утврди, иако, веќе е извесно дека министрите за надворешни ќе имаат средба на маргините на самитот за Коридорот 8. Премиерот Мицкоски порачува – сакаме добрососедски односи и членство во ЕУ.

Официјална Софија се одзва на поканата за билатерална средба. Испратена е дипломатска нота со потврда за разговорот меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Муцунски и Петрова-Чамова. Форматот дополнително ќе се утврди, иако, веќе е извесно дека министрите за надворешни ќе имаат средба на маргините на самитот за Коридорот 8. Премиерот Мицкоски порачува – сакаме добрососедски односи и членство во ЕУ.

Социјалдемократите немаат очекувања од утрешниот состанок. За партијата е нејасно зошто воопшто имало потреба, премиерот да инсистира да се разговара со Бугарија за преговарачката рамка и процесот да се билатерализира.

Премиерот Мицкоски е охрабрен дека Европската унија ја препознала состојбата оти некои од земјите-членки ја злоупотребуваат рамката за пристапување во унијата по системот на заслуги. Охрабрувачка за него е најавата за постепената интеграција и ограничување на правото на вето.

Утрешната средба на министрите Муцунски и Петрова-Чамова беше иницирана од наша страна, по совет од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за време на посетата на Скопје.

Викторија Милевска