Полска
Ученик со нож нападнал во училиште во Полска, загина портирка
08.10.2026 19:01
Ученик со нож нападнал во основно училиште во полското место Лешчидул-Новини, североисточно од Варшава.

15-годишен ученик со нож нападнал во основно училиште во полското место Лешчидул-Новини, североисточно од Варшава.
Загина 37-годишната портирка, а повредени се наставничка и директорот. Ученикот е уапсен. Ова е втор напад во училиште во Полска за само два дена.
Премиерот Туск свика итен состанок.
