Фудбал

ФИФА: Македонија падна на 71. место на светската ранг-листа

09.10.2026 09:51

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од две позиции на најновата ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), објавена во октомври, и моментално се наоѓа на 71. место во светот.

Падот на ранг-листата е резултат на неуспешниот циклус натпревари во Лигата на нации, под водство на селекторот Гоце Седлоски. Во изминатите 11 дена, македонската репрезентација одигра четири натпревари, на кои забележа исто толку порази, без ниту еден постигнат гол.

Црвено-жолтите двапати беа поразени од Швајцарија, а по еден пораз претрпеа и од Словенија и Шкотска.

За разлика од Македонија, албанската фудбалска репрезентација напредуваше за една позиција и сега се наоѓа на 66. место во светот.

Напредок забележа и репрезентацијата на Косово, која се искачи за две позиции и го достигна историското 76. место на ранг-листата на ФИФА.

На врвот на светската ранг-листа останува Шпанија со 2.011,57 бодови, а зад неа се Аргентина, Франција и Англија.