Од понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР Охрид
По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Oд понеделник започнува со работа системот за сообраќаен надзор Безбеден град и на подрачјето на СВР Охрид, соопшти МВР.
По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.
Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
