Потребен е дијалог
Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалог, порача премиерот Христијан Мицкоски, за тоа каде го гледа решението ако се земе предвид дека немаше напредок при последната средбата...

Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалог, порача премиерот Христијан Мицкоски, за тоа каде го гледа решението ако се земе предвид дека немаше напредок при последната средбата меѓу шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова - Чамова. Продолжуваме да разговараме и кога ќе биде постигнат напредок ќе ги информираме граѓаните посочи Мицкоски. Засега неизвесно е дали до декемврискиот Самит на ЕУ ќе има нова средба.
„Јас се радувам што тој дијалог почна, што за него се запознаени нашите меѓународни партнери. Тоа е убавината во демократијата, да разговарате кога имате различни ставови, а умешноста во демократијата е кога тие ставови ќе ги приближите и на крај ќе дојдете до компромис. Јас очекувам дијалогот да продолжи да се води и во одреден момент ставовите да се доближат и да дојдеме до решение“, изјави премиерот Мицкоски.
Европска иднина и европски можности во Македонија порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од маршот во Прилеп, по повод одбележување на 11 Октомври – Денот на Народното востание. Денешната генерација има историска обврска да се избори за иднина во која младите ќе останат во Македонија и тука ќе го градат својот живот порача Филипче.
„Како конкретна цел да се обединиме.Зошто европските интеграции не се проект само на СДСМ тука на сите влади, тоа е децениска стремеж“, изјави Венко Филипче.
По средбата во Софија шефот на македонската дипломатија излезе со став дека позициите на двете страни остануваат значително оддалечени, додека бугарската министерка соопшти дека барала Скопје да даде временска рамка кога планира да ги направи уставните измени.
Марина Стојанова Тонева
