Нови гасни поврзувања, инвестиции во МЕПСО
Во интервју за државната МИА, министерката Божиновска посочува дека во септември и во почетокот на октомври, овие активности добија и силна меѓународна димензија, преку приклучувањето кон вертикалниот гасен коридор и министерската соработка во регионот.

Новите гасни поврзувања со Грција и Србија, инвестициите во МЕПСО, интерконекцијата со Албанија, планирањето на енергетските капацитети и поддршката за ранливите домаќинства, меѓу приоритетите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Во интервју за државната МИА, министерката Божиновска посочува дека во септември и во почетокот на октомври, овие активности добија и силна меѓународна димензија, преку приклучувањето кон вертикалниот гасен коридор и министерската соработка во регионот. Новите енергетски врски треба да обезбедат повеќе можности за снабдување, посилната мрежа да го поддржи развојот на економијата, а програмите за ранливите потрошувачи да им помогнат на семејствата на кои енергетските трошоци им претставуваат најголем товар.
На домашен план, Божиновска го издвојува решавањето на долгогодишното имотно прашање со трафостаницата Дуброво, со што се обезбедува поцврста правна основа за инвестициите во овој важен дел од преносната мрежа. Паралелно се оценуваат и иницијативите за нови енергетски објекти и се работи на законските решенија за геологија и рударство, посочува министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во интервју за МИА.
