Рочиште за 13 полицајци

13.10.2026 15:33

Полицајците го обезбедувале пристапот за противпожарните екипи и помагале во извлекување на луѓето од дискотеката „Пулс“, тврдеа двајца вработени во противпожарната бригада...

Хидрантот во дискотеката „Пулс“ служел само за украс. Во сандачето имало црево, но не и вентил, па кога го отвориле, сфатиле дека е неупотреблив. На рочиштето на кое им се суди на 13 полицајци од Кочани и Штип сослушани двајца пожарникари, сведоци на одбраната. Објаснија дека евакуацијата се одвивала тешко поради чадот и топлината, но тимови од пожарникари, полицајци, обезбедување и цивили заеднички им помагале на повредените. Семејствата на загинатите сметаат дека полицајците морале да го прекинат концертот.

Полицијата претходно го расчистила и патот за да пријдат ПП возилата, а обезбедила и простор за паркирање, рекоа сведоците.

Анита Димитријевска – Велковска