Респираторни инфекции

17.10.2026 17:30

Расте бројот на пациенти со респираторни инфекции, закрепнувањето трае подолго, а лекарите повикуваат на навремена вакцинација против сезонски грип...

Пациенти со потврден ковид-19 и непотврден грип се испраќаат на дополнителни испитувања, бидејќи акутните инфекции траат невообичаено долго. Големиот број настинати пациенти со акутни инфекции во овој период не изненадува, вели докторката Анкица Станоевска, но загрижува фактот што и покрај дадената терапија, пациентите бавно закрепнуваат.

Лекарска помош најчесто бараат деца на училишна возраст и работоспособното население, со симптоми како покачена температура, премаленост и болки во коските - симптоматологија што укажува на грип.

За среќа, постарата популација засега е помалку засегната и ретко се појавува во чекалниците кај матичните лекари, вели докторката Станоевска. Сепак, во континуитет се регистрираат пациенти со акутни состојби во шесте поликлиники во главниот град.

За лекарите да продолжат да третираат полесни и акутни состојби, тие им препорачуваат на граѓаните да се вакцинираат. Имунизацијата против сезонски грип, која според најавите треба да започне во среда, се очекува да придонесе за подобра контрола на ширењето на инфекциите, бидејќи вакцинацијата е еден од најефикасните начини за заштита.

Обезбедени се 30.000 вакцини за најранливите категории граѓани, меѓу кои се лицата постари од 65 години и оние со хронични заболувања. Според најавите, во средината на ноември треба да пристигнат уште 25.000 вакцини.

Наташа Јанчиќ Менковски