Бандерас и Кејџ во петтата сезона на „Вистински детектив“
Антонио Бандерас и Николас Кејџ ќе ги толкуваат главните улоги во петтата сезона на серијата „Вистински детектив“ на HBO. Снимањето треба да започне во 2027 година, а дејството ќе се одвива во Џамајка Беј, Њујорк.
Антонио Бандерас му се придружува на Николас Кејџ во петтата сезона на криминалистичката антологиска серија „Вистински детектив“ (True Detective) на HBO. Новата сезона е во подготовка, а почетокот на снимањето е планиран за 2027 година.
Бандерас ќе го игра ликот на Раи Гарсија, додека Кејџ ќе ја толкува улогата на Хенри Логан. Дејството ќе се одвива во Џамајка Беј, Њујорк.
Сценаристка и режисерка на новата сезона е Иса Лопез, која беше задолжена и за четвртата сезона, насловена „Ноќна земја“, со Џоди Фостер и Кали Реис во главните улоги.
Серијата, создадена од Ник Пицолато, досега има добиено 41 номинација за наградите „Еми“, од кои освоила шест. Меѓу наградените се Вуди Харелсон, Метју Меконахи, Махершала Али и Џоди Фостер.
Според HBO, четвртата сезона е најгледаната во историјата на серијата, со 12,7 милиони гледачи на различни платформи.
