судство
Ново рочиште за уставниот судија Ристов
22.10.2026 17:54
Станот на „Париска“ тврдеше сведокот, е купен со пари од мајката и таткото на Ристов и од него и неговата сопруга како поклон за децата.

На денешното рочиште за уставниот судија Ѓоко Ристов, сведочеа таткото на неговата сопруга како и вештакот Емилио Фришкиќ на предлог на одбраната. Станот на „Париска“ тврдеше сведокот, е купен со пари од мајката и таткото на Ристов и од него и неговата сопруга како поклон за децата. Платиле по 70.000 евра за стан од 150 квадрати.
Вештакот на одбраната Емилио Фришќиќ сведочеше дека ливчињата со испишани суми, кои беа најдени на дел од соѕиданите снопчиња со евра, ги пишувала мајката на обвинетиот Донка Ристова, која тврдеше дека парите се нејзини и на нејзиниот сопруг.
