Нова геополитичка реалност
Развојот на инфраструктурните коридори, европската поддршка за одбраната и забрзувањето на интегративните процеси беа меѓу темите на панел-дискусијата...

Двата паневропски коридора 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок, но и политичка стабилност за државата во овие комплицирани геополитички случувања, истакна вицепремиерот Александар Николоски на панелот „Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност“, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“.
ЕУ е силно посветена на членството на земјава во Унијата, истакна евроамбасадорот Рокас.
„Преку Европскиот мировен инструмент издвоивме речиси 65 милиони евра за Северна Македонија. Се надеваме дека наскоро ќе успееме да обезбедиме дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети на земјата, и како членка на НАТО, за унапредување на нашата безбедност“, нагласи евроамбасадорот Рокас.
„Регионалната поврзаност е политичка потреба за Западен Балкан за поголема отпорност од кибернапади, заштита на синџирите на снабдување со енергија. Македонија обезбедува низа примери како се спроведува таков пристап“, изјави Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија.
Според аналитичарот Трошаноски, кога станува збор за политичката интеграција, приоритет треба да биде откочувањето на преговорите за подлабока интеграција во процесите.
Безбедносните ризици, хибридната војна, стеснетиот проток на снабдувањето, се дел од причините за поголема стратешка поврзаност за поголем имунитет.
Александра Велинова
