Битола

Спомен музеј посветен на револуционерот Гоце Делчев

23.10.2026 11:47

Во Битола, во ноември 1901 година, престојувал Гоце Делчев, а куќата во која се одржувале средби на македонските револуционери денес е претворена во спомен-музеј посветен на неговиот живот и дело.

Во ноември 1901 година во оваа куќа во Битола престојувал најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев.

Главната причина што објектот прераснува во Спомен музеј посветен на великанот на Македонското ослободително движење.

Во музејските поставки може да се видат содржини кои говорат „За животот и револуционерната дејност, на првоапостолот на македонското ослободително дело“, но и собата во којашто престојувал и се одржувале состаноците.

Во собата каде што се воделе значајни разговори меѓу македонските револуционери задржан е и ентериерот со амбиентот во оригинална состојба.

Денеска овој музеј го посетуваат ученици од Македонија.

 

Ружица Аџикотарева Ѓоршевска