Македонија

Изградбата на топловодот со забрзана динамика, во 2027-ќе бидат приклучени 35 институции

23.10.2026 13:03

По децении најава и неколку години реализација, изградбата на топловодот во Битола продолжува. Градежните работи се одвиваат со забрзана динамика, најголемиот дел од клучната опрема која е изработена специјално за потребите на проектот е стигната. Надлежните најавуваат во 2027, 35 институции кои првично ќе бидат приклучени на мрежата-да ја почувствуваат топлината, неизвесно е кога топловодот ќе стигне до граѓаните. Но, несомнено е дека промената на начинот на греење на овие институции, позитивно ќе влијае врз животната средина…

Реализацијата на проектот топлификација, се изведува согласно предвидената динамика. Со ова темпо во 2027,35 институции во градот ќе бидат приклучени на мрежата. Првиот лот со поставување на градскиот и магистралниот цевковод е комплетно завршен. Активно се работи на лот два. 90% од опремата е стигната. Се гради препумпна станица со два котли од по 10 мегавати за догревање на водата.

За стабилноста на функционирањето на топловодот, големо влијание ќе има и когенеративната електрана, која државата ја гради во РЕК Битола.

Можеби граѓаните во скоро време, во домовите нема да ја почувствуваат топлината од топловодот, но бенефитот од приклучувањето на 35 институции кои се потенцијални загадувачи е од огромно значење за поздрава животна средина.

Повеќе време се посвети на препроектирање и имплементирање на системот на топлификација кон постоечкиот систем на РЕК Битола. Ускладувањето е од огромно значење за непреченото функционирање на овие два системи, вели директорот мирчевски.

Реализацијата на проектот започна во декември 2021, финансиската конструкција е во висина од 46 милиони евра, од кои 39 заем од германска банка и 7 милиони евра сопствени средства на ЕСМ.

Алекасандра Максимовска