Бугарија во недела избира претседател
Главна тема во изборната кампања беа темите поврзани со безбедноста, војната во Украина и односите со Русија...

Бугарија во недела избира претседател. Главна тема во изборната кампања беа темите поврзани со безбедноста, војната во Украина и односите со Русија. Изборната кампања се одвиваше во услови на зголемени тензии во Црното Море, откако во серија напади со беспилотни летала биле погодени четири трговски брода во бугарската исклучива економска зона. Два брода потонале, а 21 морнар се води како исчезнат.
Бугарскиот премиер Румен Радев, кој се залага за дијалог со Москва, на 13 октомври ја повикал руската амбасадорка на разговор. Иако неговата влада смета дека нападите им одат во прилог на руските интереси, нагласува дека засега нема доволно докази за официјално да ѝ се припише одговорност на Русија.
Според анкетите, фаворит на изборите е актуелната претседателка Илијана Јотова, блиска соработничка на Радев. Таа ја презела претседателската функција во јануари, откако Радев поднел оставка за да учествува на парламентарните избори, по кои станал премиер. Нејзиниот главен противкандидат, Андреј Ѓуров, поддржан од прозападната опозиција, има 30,6 проценти. На изборите учествуваат 27 кандидати, а се очекува излезноста да биде под 40 проценти. Доколку Јотова победи во вториот круг, закажан за 1 ноември, ќе стане првата жена избрана за претседател на Бугарија.
