франција

Франција распоредува 70.000 полицајци поради најавените масовни протести

24.10.2026 12:06

70.000 полицајци, хеликоптери, оклопни возила и водни топови, се распоредени низ цела Франција поради планираните протести...

70.000 полицајци, хеликоптери, оклопни возила и водни топови, се распоредени низ цела Франција поради планираните протести, со цел да се избегне повторување на насилните немири од изминатата недела.

За денеска се очекува масовен одѕив. Учество на протестите најавија студенти, членови на синдикатот и активисти од движењето „Жолти елеци“, чии демонстрации против социјалната неправда ја потресоа Франција во 2018 и 2019 година.