НБА

Дончиќ со 52 поени ги предводеше Лејкерс до победа и постави историски рекорд

26.10.2026 09:47

Словенечкиот кошаркар испиша и клупска историја, станувајќи најбрзиот играч на Лејкерс кој стигнал до 3.000 поени, за што му беа потребни само 95 натпревари.

Лука Дончиќ одигра блескав натпревар со 52 поени, 10 асистенции и осум скока во победата на Лос Анџелес лејкерс над Јута џез со 132:123 на гостински терен.

Словенечкиот кошаркар испиша и клупска историја, станувајќи најбрзиот играч на Лејкерс кој стигнал до 3.000 поени, за што му беа потребни само 95 натпревари.

Најдобриот стрелец на Лејкерс го предводеше тимот до пресврт откако Јута имаше предност од 18 поени во втората четвртина. Дончиќ постигна осум тројки, а значаен придонес во победата имаше и Остин Ривс со 29 поени.

Дончиќ стигна до границата од 3.000 поени во дресот на Лејкерс за 95 натпревари. Претходниот рекорд го држел Џорџ Микан со 106 натпревари, пред Карим Абдул-Џабар со 109, Шакил О’Нил со 110 и Леброн Џејмс со 114.

Фото: Фејсбук/ Los Angeles Lakers