Малолетничка деликвенција

27.10.2026 15:02

Годишниот извештај на Државниот совет за превенција открива дека минатата година бројот на деца жртви во судовите пораснал за дури 118 проценти, а за 54 отсто е зголемен и бројот на деца сторители на прекршоци.

За 54 проценти е зголемен бројот на деца сторители на прекршоци во 2025 година. Најголемо зголемување на децата жртви за 118 посто. Санкции се изречени против 1.132 деца, четири деца завршиле во затвор, а се зголемиле и барањата за оштетување, покажува најновиот извештај на државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда на децата. Расте и бројот на девојчиња кои вршат насилство.

Превенцијата и натаму останува најголем проблем со малолетничкото претставништво. И покрај законската обврска, голем дел од општините немаат совет за превенција, кај некои постојат но не се активни, а само мал дел од општините имаат совети за превенција што функционираат.

Од Државниот совет за превенција на детско претставништво сметаат дека е потребна поголема координација на институциите, ресоцијализација на децата по санкциите, но се против намалување на возраста на сторителите под 14 години за кривична одговорност.

Ирина Гелевска