Денеска промоција на мобилната апликација „м. Услуги“
Министерството за дигитална трансформација денеска ја промовира апликацијата „м. Услуги“, која ќе овозможи бесплатен пристап до дигитална лична карта, возачка дозвола и електронски јавни услуги. Најавено е дека апликацијата постепено ќе се надградува со нови документи и функционалности.

Министерството за дигитална трансформација денеска ќе ја промовира мобилната апликација „м. Услуги“, која ќе овозможи полесен пристап до електронски јавни услуги и дигитални документи преку мобилен телефон.
Апликацијата ќе биде бесплатна и ќе овозможи пристап до електронска верзија на личната карта и возачката дозвола, како и до првите три дигитални услуги за граѓаните. Ќе може да се преземе преку Google Play и App Store.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека функционалноста постепено ќе се проширува со интегрирање податоци од системот „М. здравје“ и европската младинска картичка, со цел апликацијата да прерасне во дигитален паричник за документи и јавни услуги. Прифаќањето на електронските документи во институциите ќе се одвива етапно.
