МВР

Лишен од слобода албански државјанин, пронајдени осум мигранти кај Демир Капија

28.10.2026 11:18

Осум мигранти, меѓу кои и двајца малолетници од Авганистан, биле пронајдени во патничко возило на регионалниот пат Демир Капија – Неготино. Полицијата го лишила од слобода 40-годишниот возач, албански државјанин, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија.

Осум мигранти од Авганистан, меѓу кои и двајца малолетници, биле пронајдени во патничко возило на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, а возачот, 40-годишен албански државјанин, бил лишен од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил откриен вчера во 12:35 часот, во близина на местото викано „Острово“, при контрола на возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, кое го управувал П.М. (40) од Албанија.

Според соопштението на МВР, мигрантите по нивно кажување биле од Авганистан.

Возачот бил задржан во Полициската станица Неготино, додека мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија.