Влада
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Гази Баба
30.10.2026 08:02
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Гази Баба, каде ќе присуствува на почетокот на изградбата на новата фаза од вакуумската канализација во населеното место Јурумлери...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Гази Баба, каде ќе присуствува на почетокот на изградбата на новата фаза од вакуумската канализација во населеното место Јурумлери.
Како што најавија од владината прес-служба, посетата е предвидена во рамки на активностите за реализација на инфраструктурниот проект.
Изградбата на новата фаза од вакуумската канализација е насочена кон унапредување на комуналните услуги и подобрување на условите за живот на жителите на Јурумлери.
