Посета
Црногорскиот вицепремиер Филип Ивановиќ во посета на Македонија
30.10.2026 09:48
За време на посетата, Ивановиќ ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираат од собраниската прес-служба...

Потпретседателот на Владата на Црна Гора задолжен за надворешни и европски прашања, Филип Ивановиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.
За време на посетата, Ивановиќ ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираат од собраниската прес-служба.
Предвидена е и билатерална средба со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
