Блиски исток

Продолжуваат дипломатските напори за смирување на конфликтот меѓу САД и Иран

01.11.2026 19:27

Иран предупредува дека секој нов напад ќе добие брз одговор, без географски ограничувања.

Дипломатските напори за смирување на конфликтот меѓу САД и Иран продолжуваат, но договор нема. Катар и Пакистан посредуваат, додека Трамп повторно се закани со можни воени удари. Иран предупредува дека секој нов напад ќе добие брз одговор, без географски ограничувања.

„Сакаат договор, а потоа се повлекуваат. Не брзаме. Им уништивме речиси секаков вид воена опрема што ја поседуваа. Останува уште да се справиме со една или две локации, но тоа можеме да го завршиме за десет минути. Имаме план за тоа“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.