Избори во Брвеница: До 18:30 часот гласале 52,9 отсто од избирачите
На вториот круг од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 18:30 часот гласале 8.595 граѓани, односно 52,9 отсто од запишаните избирачи. Според податоците на Државната изборна комисија, излезноста е повисока за 8,33 процентни поени во споредба со првиот круг.

На вториот круг од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 18:30 часот гласале 8.595 граѓани, односно 52,9 отсто од запишаните избирачи, информира Државната изборна комисија.
Според пресекот на податоците од сите 24 избирачки места, излезноста е зголемена за 8,33 процентни поени во споредба со првиот круг.
Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18:30 часот до ДИК биле пристигнати три приговори и сите биле усвоени. На граѓаните што ги поднеле приговорите им било овозможено да го остварат правото на глас.
