Македонија

Седници на две собраниски комисии

02.11.2026 08:43

Во Собранието денеска седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост. Предлогот е во второ читање.

На дневен ред се и два предлог-закона во прво читање – измените и дополнувањата на Законот за Фондот за осигурување на депозити и Предлог-законот за семејна и станбена поддршка.

Седница денеска ќе одржи и собраниската Комисија за одбрана и безбедност, на која во прво читање ќе се разгледува Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија.