Економија

АЛТА банка Битола ставена на „листата за набљудување“ на Македонска берза

02.11.2026 10:20

Македонска берза ја стави АЛТА банка АД Битола на „листата за набљудување“, со цел дополнително да ја информира и предупреди инвеститорската јавност за случувањата во банката, откако Народната банка донесе решение за воведување привремена администрација.

АЛТА банка АД Битола е внесена на „листата за набљудување“ на Македонска берза. Одлуката ја донел Одборот на директори, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Од Македонска берза информираат дека целта е да се обрне внимание на инвеститорската јавност и да се обезбеди дополнително информирање за новонастанатата состојба во банката.

Како причина за одлуката се наведува решението на Народната банка на Република Северна Македонија за воведување администрација во АЛТА банка АД Битола.

„Листата за набљудување“ се објавува на веб-страницата на Македонска берза.