Анализа

Израел по изборите: Кој ќе формира влада?

02.11.2026 12:54

Израел е пред нов политички пресврт. Нетанјаху е без мнозинство, Ајзенкот, пак, во офанзива за власт. Во чии раце е клучот за негова смена иако тој ги преживеа изборите, сега битката за 61 пратенички глас ја одредува политичката иднина на Израел.

Наспроти Нетанјаху кој навидум ги задржа премиерската функција и најголемата партија, но не и сигурното парламентарно мнозинство. Опонентот се обидува да го претвори изборниот резултат во нова влада. Дел од експертите стравуваат од евентуална криза на неколку последователни избори, но се надеваат дека сепак партиите би можеле да се групираат околу центарот.

„Мислам дека ќе се обидат да формираат коалициска влада, во која ќе бидат вклучени сите центристички партии во Израел, при што би се исклучиле екстремната десница, а можеби и левичарот Јаир Голан, со цел да се создаде опција во центарот на политичката мапа. Но, никогаш не се знае. Во Израел, знаете, може да се одржат пет различни изборни циклуси во рок од две години, па можеби токму така и ќе биде“, изјави Гил Безалел експерт од НВО секторот.

Дел од нив се горди велат на демократските процеси во земјата и на свеста на гласачкото тело. Веруваат во заедничка лево десничарска влада.

„Размислете за тоа – 80% од населението, милиони луѓе, излегоа да гласаат, тоа е демократија. А што се однесува до резултатот, сметам дека треба да работиме заедно. Крајно време е да соработуваме – и десницата, и левицата. Горд сум на мојата земја, таа е единствената демократија на Блискиот Исток. И навистина се гордеам со тоа“, изјави Асиф Изаак, главен раководител во невладина организација Нетанаим.

Никој од нив не ја исклучува можноста за коалицирање со арапските партии но тоа ќе биде уште посложен процес поради 7 октомври и поради тоа што сè уште се во војна.

Централната изборна комисија во Израел најави дека во среда ќе ги објави конечните резултати.

„Тврдењата дека доказите со кои располагаме можат да ги поништат изборните резултати во целина се неточни“, изјави Ноам Солберг - претседател на Централната изборна комисија на Израел.

Претседателот на комисијата најави темелна истрага за сомнежите за странски пари во кампањата. Порача дека волјата на граѓаните ќе биде почитувана. Во меѓувреме, полицијата ослободи двајца од тројцата осомничени за наводно поткупување гласачи.

Фиљана Кока