Претрес во Гостивар – пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага
Четириесет и осумгодишен гостиварец е лишен од слобода откако полицијата кај него пронашла бела прашкаста материја и марихуана. При претрес во неговиот дом и помошните простории, со судска наредба, биле пронајдени дополнително марихуана и дигитална вага.

Полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 48-годишен жител на градот, кај кого била пронајдена дрога.
Како што информираат од МВР, на 1 ноември во 00:40 часот, при извршен преглед кај С.Ј., биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и помошните простории, при што полицијата пронашла и одзела марихуана и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
